Град Скопје и Дирекцијата за Заштита и спасување ( ДЗС) вчера затаија при хаваријата која се случи во Охис. Додека бев градоначалник во противпожарната бригада започнавме со формирање единица за одговор при хемиско-биолошки катастрофи, а проектот заедно го работеа ДЗС, Град Скопје и Европската унија. Со проектот бешe набавена опрема за тренинг за справување од ваков вид катастрофи во вредност од 82.000 евра и беше почнато со спроведување на обука на едницата. Со доаѓањето на г-дин Шилегов и промените во раководната структура во Противпожарната бригада оваа опрема е заборавена а веќе 2 години истата не била искористена ни за редовните вежби кои требале да бидат правени. Со ваквите постапки вчера беа загрозени животите на пожарникарите кои биле први на местото без соодветна опрема, а воедно и животите на населението околу местото на хаваријата во Охис. Напиша на Фејсбук, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.