Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, во гостување во емисијата „Филибастер“ на Радио Лидер, изјави дека доколку градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, го продолжел проектот за Луна парк кој е почнат во времето на Трајановски, седумте реквизити кои се набавени наместо да се чуваат по магацините или да стојат кај добавувачите, ќе можело да се користат од жителите на Скопје уште во 2018 година.

Како што истакна Трајановски, дел од реквизитите кои требало да бидат дел од Луна паркот биле пристигнати, а дел требало да пристигнат. Притоа, со тендерот што бил распишан, било предвидено истите да се донесат и монтираат и да се пуштат во употреба од страна на добавувачот.

Ако го продолжеше овој проект,, жителите на Град Скопје во 2018 година, во летото, веќе ќе можеа да ги користат благодетите од овие реквизити – посочи Трајановски.

Според Трајановски, секој градоначалник треба да ги продолжи проектите од претходниот. Тој укажа дека доколку проектите се во завршна фаза, а се држат во фиока е незамисливо и необјасниво бидејќи од тоа најмногу губат граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.