Пораншениот градоначалник на Скопје Коце Трајановски јавно го повика сегашниот Петре Шилегов да одговори зошто додека сите слават Нова година, багери го уништуваат зеленилото во Бутел.

Трајановски објави видео од багерите и праша:

Петре Шилегов вака ли ќе го правите Скопје зелена престолнина на Европа? На 30 декември додека сите слават, брутално се уништува зеленилото на бул. „Босна и Херцеговина“ каде што беа бараките на старата општина Бутел, пишува Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.