Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски во вечерашниот ТВ дуел со сегашниот градоначалник Петре Шилегов на Канал 5 му порача дека треба да е среќен што е градоначалник по него.

Јас се јавив после два-три месеци, имаше еден проблем за кој сакав да му укажам. Тој не ми одговори и затоа повеќе не го побарав. Господине Шилегов, бидете среќен што сте градоначалник после мене. Да имавте ЈСП без ниту еден исправен автобус, да имавте комунално без никакви возила… Тие задолжени претпријатија беа наследени од СДСМ, задолжени, неекипирани, неорганизирани, рече Трајановски.

Шилегов потврди дека Трајановски му ѕвонел, а тој не му одговорил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.