Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, го честита „13- Ноември“ ден на ослободувањето на Скопје.

Денес навршуваат 77 години од херојскиот чин на плејадата борци кои ги заложиле своите животи за ослободување на Скопје. Скопје станува политички и културен центар на Македонија кој постојано расте и се развива. Да се заблагодариме на секоја генерација која допринела за Скопје да биде слободен и модерен град. Така и јас како градоначалник во двата мандата се трудев да допринесам за развојот на Скопје преку вложениот труд, многу работа и голема посветеност. Делата оставени после секоја генерација остануваат да говорат, честит празник Скопје!, пишува Трајановски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.