Адвокатот Александар Тортевски, кој од неодамна е и основач на партијата Твоја, сподели видео од скопските улици, класична приказна кога ќе наврне малку повеќе дожд.

За улиците полни вода, ѓубре и кал, Тортевски вели:

Не се нервирајте кога ќе се удавите во кал на најпрометната автобуска станица во Скопје. Помислете само дека денот нема да помине без Шекеринска да ве потсети дека само што не сме влегле во НАТО.


Тој додава и дека двајца работници со метли биле задолжени да ја туркаат водата од пешачкиот премин, но не сакал да ги фотографира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.