Првиот круг од локалните избори заврши. Додека Државната изборна комисија сукцесивно ги објавува резултатите на својата веб страница, партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.

Од 51,48 отсто обработени гласови во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски има освоено 57,34 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Филиповска 24,91 отсто.

Весна Кираџиева од Левица има освоено 10,90 отсто, Билјана Аврамоска Ѓореска од ЛДП 2,34 отсто, додека Миле Петковски од ТМОРО само 0,48 отсто од гласовите.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ синоќа излегоа на улица да ја прослават победата на Муцунски во првиот круг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.