Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов со жестоки навреди за министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој како што вели тој, не ги заштитил градските редари што вчера беа претепани од диви собирачи на отпад по што едниот од нив заврши во шок-соба на КАРИЛ.
Во еден момент на самиот крај од видео-снимката Шилегов на денешниот брифинг за акцијата „спортувај од дома за време на корона“ кога се исклучија камерите за Чулев вели „Лудак, Ненормален!“, обвинувајќи го дека не овозможил полициска заштита за градските редари во справувањето со дивата депонија на Вардариште, пренесоа медиумите.

Инспекциските служби на Град Скопје се најдобри, но со непомагањето сака да се девалвира работата на градоначалникот или на СДСМ. Инспекторот е на интензивна, уште не сум стигнал да го видам – рече Шилегов пред да го нападне Чулев со погрдни зборови.

Згрозен сум од Наќе Чулев. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите што би ни обезбедиле нормално функционирање. Рече дека нема да казнува, па сега добиваат сила за анархија. Градски инспектори беа нападнати во Вардариште, но евидентирани се напаѓачите од Вардариште. Чулев да престане да се однесува како евтин платеник на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и да ја загрозува здравствената и економската состојба во државата за ситен политички профит. Поведението на полицијата за време на полициски час е недозволиво – рече Шилегов.

Двајца комунални редари вчера околу пладне биле нападнати на некогашната скопска депонија Вардариште од засега непознати лица кои таму незаконски депонирале отпад, а еден од редарите се здобил со тешки телесни повреди и бил итно префрлен во Градската општа болница „Св Наум Охридски“.

Според пријавеното, четири лица со комбе со скопски регистарски ознаки истоварале шут. Истите додека го истоварале шутот дошле лицата В.Т (1970) и М. Ѓ. (1982) вработени како комунални испектори во Град Скопје. Лицата ги нападнале инспекторите, а В.Т. е префрлен во ГОБ Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот – информираа од МВР.

Делот во кое Шилегов го навредува Чулев е на крајот на видеото на МИА

Спортувај од дома во време на корона – прес на Градоначалникот Петре Шилегов

Gepostet von MИА.mk am Dienstag, 12. Mai 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.