Вечерва на улицата Скупи во близина на бензинаската пумпа на Макоил се случи тешка сообраќајна несреќа..

Во сударот на автомобил Мерцедес, кој се спуштал од патот кој оди од УХМР и возило Голф, кое се движело по улицата Скупи, Мерцедесот удрил во Голфот по што неколку пати се превртел, велат очевидци за Канал 5.

Сообраќајката се случила околу 21.30 часот.

Возачот на Голфот е повреден и пренесен на клиниките, додека совозачот минал без повреди. Визилото е превртено на покрив и целосно уништено. Четирите лица кои се возеле во Мерцедесот се неповредени.

Во тек е увидот на самото место, а улицата Скупи е блокирана за сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.