Новинарот и водител на емисијата „Економски Магазин“ која се емитува на Алсат-М, Горан Теменугов за време на неговата емисија силно го искритикува Град Скопје заради неисполнување на ниту една мерките кои ги ветуваа против загадувањето.

Тој во емисијата организирана за загадениот воздух на која гостуваа, Арјанит Џафери од „Еко Герила“, Беса Татеши од Министерството за животна средина и Исмаил Лума од Министерството за економија, посочи дека можеби за решавање на овој проблем треба да се има централизиран пристап .

Се добива впечаток дека „многу бабици детето килаво“, таква има една изрека дека кога многу околу се грижат за еден проблем, испаѓа дека тој проблем не се решава. Така имаме впечаток дека и тука многу се грижат, на пример имаме надлежности во екологија во Град Скопје за животна средина, а имаме и во други министерства, некако како да ни бега поентата дека има некаков главен сајбија, газда кој што ќе рече дека овие мерки ќе се спроведат, вака ќе играме и по тој пат ќе одиме. Вака повеќе институции имаат надлежности и никако да се реши проблемот. Еве автомобилите или транспортот е во нивна надлежност, какви ќе бидат возилата за увоз и сето тоа. Вие пропишувате други услови, едноставно повеќе сектори си имаат различни влијанија. Еве Град Скопје има свои политики, 19 мерки вети, една исполнета“, рече Теменугов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.