Мислите не ги гледаат овие скандали оние од Европската унија? Ги гледаат и ни се смеат, коментира актерот Сашо Тасевски за дивоградбата која мистериозен инвеститор ја подигна кај мистериозно опожареното кафуле кај ТЦ „Мавровка“, а за која општината Чаир не може да најде компанија за да ја сруши.

Дивоградба на бандит од господарската раса не смеат да срушат, па во ЕУ ќе не внесле. Пратете го бандитот така да гради на диво во Берлин, не само што нема да стигне дупче да ископа, туку и доживотен затвор ќе го осудат. Клошари. Еден месец нема никаква реакција од вас за дивоградбата.
Толку од оваа држава.
Мислите не ги гледаат овие скандали, оние во ЕУ.
Ги гледаат и ни се смеат, коментира Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.