Строго чувана тајна е цената на новите автобуси, кои скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги промовираше пред неколку дена.

Ниту барањето за слободен пристап до информации од јавен интерес на новинарите од „Сител“ телевзија, не даде резултат. Граѓаните сè уште не знаат колку платиле за секој од новите МАНови.

Одговорот го нема ниту скопскиот градоначалник. Согласно неговите насоки, одговори беа побарани и од ЕБОР, но оттаму новинарите беа упатени повторно назад во Град Скопје.

Од Банката велат дека сите информации треба да се бараат кај субјектот кој ја врши набавката односно е барател на кредитот.

Негриески тврди дека е прекршен законот за транспарентна постапка.

Набавката ја нема во системот за јавни набавки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.