Основното учлилиште „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров, во кое 20 отсто од учениците се од ромска популација, доби грант од Фондацијата „Чекор по чекор“ за проектот „Редовно на часови“ – акција за вклучување на Ромите во основното образование.

Како што порачува градоначалникот Александар Стојкоски, главната цел е децата од ромска националност да се вклучат активно во задолжителното основно образование.

Со средства од проектот беше опремена една просторија – катче за сите ученици од училиштето со акцент на децата од ромската популација.

 

Секогаш е корисна дружбата со најмладите. Ја искористив можноста да поразговарам со учениците во училниците, но и со децата што ја користат просторијата. Истата ќе биде наменета за активности и состаноци на ученичкиот парламент и психолошки работилници за унапредување на менталното здравје на учениците што е одлична идеја.

 

Активно продолжуваме во насока на еднакво образование и инклузија за сите деца – порачува Стојкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.