Денеска полицијата во центарот на Скопје избрка градежни работници од објект за кои велат дека нема дозвола за градба.

Присутен беше и сопственикот Борис Стоjменов кој се скара со полицијата. Инаку Стојменов е поранешен министер за финансии (28 ноември 1998 – 27 декември 1999) во Владата на Љубчо Георгиевски.

Тој за ТВ21 посочи дека хотелот не е дивоградба, а обвини и дека му бараат мито од еден милион евра за да можат да продолжат со работа.

Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито – порача Стојменов.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека ваквите обвинувања на Стојменов се целосно навистинити.

Веќе неколку пати му е издадено решение за стопирање на градежните работи, но и покрај тоа се гради. Повикувам Обвинителството да излезе на терен и да поведе постапка. Додека не се донесе новиот план Мал ринг не смее да се гради – вели Богдановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.