Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за скопската општина Ѓорче Петров планира да ги вклучи пензионерите во работата на комисиите во Општината.

Пензионерските денови треба и мора да се едни од најубавите во животот. И секако, тоа е и нашата цел, да помогнеме во тоа. Нашите ѓорчепетровци нема да бидат заборавени туку со своето искуства помогнат за нашето Ѓорче. А ние, со сигурност ќе бидеме нивни сервис, како што доликува на една општина. Веќе чув десетици идеи, но и ставови за нашата општина, кои верувајте, ќе донесат само добро за нас, како општина и жители.
Ова е само дел од она што ние веќе знаеме дека со сигурност ќе го направиме за нив:
-Вклучување на пензионерите во комисии и овозможување на социјална заштита!
– Нивно учество во проекти на општината, со кои ќе се решаваат проблемите и недостатоците.
– Со нив ќе го ажурираме и пензионерите од социјално-ранливите категории, за утврдување на нивните потреби и помош!
– Пензионерските клубови ќе бидат опремени и дадени на користење
– Ќе организираме и настани под наше покровителство, затоа што пензионерските денови не значат седење дома пред телевизор, туку дружба и нови пријателства!
– И да, остануваме на заложбата за бесплатен превоз!
– Пензионерските денови значат денови за себе, дружби, нови пријателства, без грижи и стресови! Тоа и го овозможуваме, затоа што секој еден во Ѓорче – заслужува!, вели Стојкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.