Со велосипеди и пеш сите во Кучково в недела. Мапирани и обележани се 8 км. пешачка и 4,5 км. велосипедска патека во кружна форма. Ве поканувам да ни се придружите сите на завршниот настан по повод празнувањето на Општина Ѓорче Петров „Сите во Кучково“ на 25 септември во 12 часот со старт кај крстот во Кучково, напиша на својот фејсбук профил Александар Стојкоски, градоначалникот на Ѓорќе Петров.

Во 10 часот од локацијата кај Крстот е појдовно време за групата кја ќе пешачи до водопадите. За учесниците се обезбедени безалкохолни пијалоци, а за забавниот дел ќе се погрижи диџеј Горан. Наша приказна, наша традиција, завршува со спортски мотив. Преку дружба и рекреација да уживаме во една од најубавите рекреативни зони во Ѓорче Петров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.