Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски ја почнаа последната недела од годината со хуманитарен настан.

Преку соработка со голем број компании се обезбедени 80 пакети со со прехранбени и хигиенски производи кои беа поделени во Центарот за култура на социјално-ранливи категории.

Празниците се можност да ги израдуваме нашите сограѓани на кои им е неопходна материјална помош. Преку донации обезбедивме 80 пакети со прехранбени и хигиенски производи кои денеска беа поделени во Центарот за култура на социјално-ранливи категории.

 

Голема благодарност до компаниите „Тинекс“, „Стокомак“, „Сељ Ис“ и „Жито маркети“ кои повторно ни излегоа во пресрет и ги обезбедија пакетите.

 

Последната недела од старата година ја стартувавме со хуманитарен настан. Еден од нашите приоритети останува социјалата и подобрување на условите за живот на повеќе категории од оваа сфера, а во рамки на нашите ингеренции – порача градоначланикот Стојкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.