Нови предизвици, нова динамика на животот и малку поинаков распоред на секојдневието. На активностите во општината генерално сум најмногу фокусиран на нив во овој период и немам многу искрено време за оние активности кои што ги правев додека да стапам на функцијата. Барем не во овој период, сега додека се уште се адаптираме, започнуваме да работиме, планираме бидејќи ни доаѓа и зимската сезона, па и имаме малку повеќе ангажман, меѓутоа верувам дека понатаму повторно ќе изнајдам време и простор да се занимавам малку повеќе со моите активности кои ги вршам во слободно време. Но, и како што ветив во кампањата претходно дека и еден ден во неделата ќе посветувам на работа со моите пациенти на Клиниката за радиологија – истакна градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во гостување на на Алфа телевизија.

Стојкоски додаде дека општина Ѓорче Петров е подготвена за зимскиот период.

Ова мене ми е прва сезона како градоначалник, затоа дадов поголем фокус во изминатиот период конкретно на овој дел. Имаме изберено фирма на тендер која што е задолжена за одржување на нашите улици во текот на зимската сезона. Дополнително, луѓето кои што се ангажирани за одржување на јавната хигиена преку комуналниот пункт Ѓорче Петров ги опремивме со доволни количини на сол, кој што ќе биде фрлан во критични моменти на одредени критични точки кои што ги имаме во општина Ѓорче Петров, кои што ни се детектирани на нас од претходно – појасни Стојкоски.

Тој посочи дека во периодот општина Ѓорче Петров аплицирала за набавка на ново возило пред грант средства на Светска Банка. Тоа возило доколку се успее да се набави дополнително општината ќе го има на располагање за зимскиот период. Тоа возило ќе биде камион со поголема носивост и дополнително опремено со плуг и со соларка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.