Потребите на градоначалникот, Советот, администрацијата се неважни во споредба со потребите кои ги имате вие, жителите на Ѓорче Петров, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Затоа, денеска го направивме ребалансот на Буџетот на Општината! Го кратиме сето она кое го сметаме непотребен трошок.

ЗАТОА, меѓудругото кратиме од:
Трошоците за патување и сместување на Советот на Ѓорче Петров
Ставката за патувања на градоначалникот
Парите кои досега беа предвидени за одржување на службено возило
Средствата за копирање и печатење
Парите предвидени за цвеќиња и сместување на гости
Исто така, се скратени и парите кои биле предвидени за:
Плати и надоместоци за вработувања
Пари наменети за обезбедување
Средства планирани за фотографирање
И тоа за една цел: ОБЕЗБЕДУВАМЕ 7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ДОГРАДБА НА ГРАДИНКАТА ВО ВОЛКОВО!
👉Советот на Ѓорче, го поддржа ова!

🤝Нема поголем приоритет од граѓани, односно од најмладите! Не сакаме листи со чекања и правиме сѐ тоа да биде минато! Ниту сакаме буџети каде на прво место не сте вие, жителите на Ѓорче, кое го правиме модерно, урбано, хумано!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.