Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски ги повика жителите на општината, но и стопанските субјекти да си го чистат ѓубрето зад себе и околу себе, зашто и сто комунални работници нема да постогнат колку што можат луѓето зад себе да остават.

Наспроти нашиот труд да имаме чиста општина, секојдневно наидуваме на купови отпад пред стопански субјекти од различен вид.
Денеска, куп листови брендирани со MaxBet Makedonija , на патеката до нивниот објект.
Недозволиво е ваквото однесување. Да фатат и да си го соберат отпадот, бидејќи секако излегол од нивната обложувалница!
Ако ние како жители и одговорни лица не знаеме да одржиме чисто општината и сто комунални работници да има – нема да постигне за да го собере целиот отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.