о добивањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новиот градоначалник Александар Стојкоски го презеде и кабинетот. Претходно, уверенијата ги добија и избраните советниците. Градоначалникот Стојкоски, посочи дека со неговиот влез во Општината, сите жители гарантирано ќе гледаат само развој, модернизација и најважно, решавање на нивните проблем.

Вработените во Општината, од денеска се во служба на сите нас, жителите на Ѓорче. Сакам задоволни вработени, но и задоволни ѓорчепетровци. И така ќе биде. Направивме примопредавање, јас влегов тука затоа што вие ни ја дадовте поддршката. Кабинетот не е место кое треба да се користи за криење од граѓаните, туку за средби. На терен сум уште денес, како беше и сите изминати години, кога ги слушав вашите проблеми и начини за нивно решавање, рече Стојкоски.

Тој при подигнувањето на уверението од Општинската изборна комисија, потенцираше дека ќе биде човек кој како градоначалник ќе е секогаш отворен и тука за граѓаните.

Градоначалник е само функција, а јас ќе бидам човек кој како градоначалник ќе биде секогаш тука за вас. Тоа ви го ветив во кампања, тоа го повторувам и со добивањето на уверението од Државната изборна комисија. Од денеска, Ѓорче Петров го има и новиот Совет на општината, кој ќе треба и мора да работи само во нејзина корист и никако поинаку. Одиме понатаму, Ѓорче ќе биде модерно, урбано, хумано!, вели новиот градоначалник Александар Стојкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.