Портпаролот на ВМРо-ДПМНЕ, достави документи до општина Карпош со цел инспекторите од урбанизам и градежништво да извршат увид на семејната зграда на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и да утврдат дали станува збор за дивоградба и дали излезено надвор од рамките на реновирањето на објектот.

Реакцијата на Стоилковски ја пренесуваме во целост.

Дојдов во Општина Карпош лично да ги повикам инспекторите од урбанизам и градежништво да појдат на улица „Петре Пирузе број 14Б“, на адресата кај градоначалникот на Скопје во заминување Петре Шилегов и да дадат одговор дали Петре Шилегов воопшто има дозвола за надградба, дали Петре Шилегов излегува од габаритот, од она што значи детален урбанистички план за неговата парцела од 8 метри и 80 сантиметри, односно приземје, еден кат и поткровје.

 

Го понесов и имотниот лист на Петре Шилегов чие што менување се изврши во сабота, на четврти септември откако беше прозван. И каде што стои дека правосилност на одлука за добивање на градежното земјиште е од 03.09.2021 година. Што значи дека не го поседувал земјиштето кога го добил она одобрение за наводна реконструкција на неговиот објект.

 

Од комуналната инспекција не известија дека комуналните редари редовно биле на терен, но не знам како ја утнале улицата „Петре Пирузе“, адресата на градоначалникот во заминување Петре Шилегов.

 

За тоа јас во име на ВМРО-ДПМНЕ и во име на граѓаните ќе поднесам барање за посета од страна на градежниот инспекторат на семејната луксузна зграда на Петре Шилегов, да ја утврди фактичката состојба, за постоење на документи, за градење во рамки на ДУП, и за градење без информативна табла задолжителна според Законот за градба на која што треба да стои инвеститорот, кој е тој што гради, според кое одобрение и кога треба да заврши.

 

Притоа се надевам дека Петре Шилегов ќе биде доблесен да одговори кои се фирмите кои што работат на неговата семејна луксузна зграда и дали тие фирми можеби можат да се доведат во релација со тендерите на Град Скопје, како и дали воопшто има направено финансиска трансакција кон нив или се работи за противуслуга – реагира Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.