Среде најголемата здравствена и социоекономска криза која што носи десетици животи дневно, среде огромен здравствен скандал во кој што режимот е фатен во лаги и во трка по провизии наместо по вакцини – режимците наоѓаат најбизарни причини за собирање на пари од буџетот и тоа за свои џебови!

Пред две недели, на 4 март, Флај Кем, фирмата на „родител два“ во семејството на Мила Царовска, потпишува договор со Град Скопје за снимање со дрон за неверојатни 1.340 евра за прелетан километар квадратен над Скопје, oбвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Всушност, сопругот на Мила Царовска склучил договор со потписникот Петре Шилегов, за цела година, односно за 12 месеци, во вкупна вредност од 1.000.000 денари!
Уште поинтересен факт од овој договор е ПРИЧИНАТА за овој договор, односно, за што „фирмата на сопругот на Мила Царовска, обезбеди работа, летање дрон, за цела година и се обезбеди со 1.000.000 денари.
Предмет на договорот за сопругот на царовска е- ќе бидам прецизен- Услуга за изнајмување на опрема за висинско набљудување- на шумски површини во скопската котлина- за рана детекција на растителни болести!?

Во моменти кога Македонија тоне во здравствена и во економска криза, а се повеќе деца се заболени и имаат последици од короната, во време кога училиште во Скопје се затвори пред налетот на епидемијата, прашање е која е вистинската причина сега, во изборна година Петре Шилегов да спроведува ваков проект? Потребен ли е ваков проект за Мила Царовска да го обезбеди бизнисот на својот сопруг за цела година со еден милион денари? И главното, што се можеби ќе се сними при летањето со дрон над Скопје, а потоа е можно да се употреби како видео материјал за кампања за локалните избори?

Уште повеќе сомнежот за можна злоупотреба е поголем затоа што ваквите договори се повторуваат, на пример, истата фирма беше ангажирана од Шилегов во мај 2019 година, за снимање на диви депонии во Скопје, за речиси иста сума од милион денари за една година, а во тој период се одвиваа избори.

Режимот се повеќе е отуѓен од реалноста, и се му е евтино – од одмори во Мексико и Дубаи, до милион денари за снимање дрва со дрон! А еден милион денари чинат 740 вакцини по пазарна цена од 26 долари. Еден милион денари се половина милион плати од по два денари колку што се исплатени на текстилната индустрија во Штип. Еден милион денари се…. МНОГУ пари во криза. Уште повеќе еден милион денари се многу пари за сопруг на министерка за образование и сопартијка на потписникот Петре Шилегов.
Шилегов дава 1.000.000 денари на партнерот на Царовска за снимање шуми со дрон во време на тешка криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.