Над 85.300 m² кај Езеро Треска продавано за 1 евро. Постигната цена е 72 денари по m², пишува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Платен данок на трансакциите за сите 141 парцела (сега една, ама луксузна) е околу 3000 евра.
Пола за Сарај пола за Скопје. Е, ама Град Скопје има ценовник за проценители на Град Скопје според којшто цена за 1m² за тоа место (КП Глумово) е 1200 денари, или 20 евра.
Така цената за сета парцела каде што се истопори цела влада плус Шилегов, би била најмалку 1.700.000 евра ! А продадена е за неполни 100.000, пишува на Фејсбук Стоилковски.

Одиме натаму. Данокот.
Врз основа на постигнатата цена, односно 3% данок платен за направената трансакција изнесува, ако не се лажам неполни 3.000 евра. И го делат Сарај и Скопје.
Според ценовникот од 1200 денари за 1m², со одлука на Град Скопје од 2013 година, данокот на 1.700.000 евра би изнесувал цели 50.000 евра.
Е па сега пак нека отпишуваат долгови на општините од Буџет, нека се задолжуваат за тоа; пак наместо аеродроми со парите од ТАВ да асфалтираат сокачиња низ маала, случајно предизборно за гласови.
Нема поголеми апаши! И пак ви ги нудат на послужавник, завршува Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.