Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со в.д. директорот на ЈКП Гази Баба Игор Атанасовски, денеска означија почеток на големата пролетна акција „За поубава Гази Баба“.

За акцијата градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Утрово започна големата пролетна акција „За поубава Гази Баба”.
Општина Гази Баба преку ЈКП Гази Баба 2007 од денес започна со голема акција за уредување на парковите, кастрење на дрвата, менување и поставување на урбана опрема и други активности. Акцијата денес започна со реализација во Урбаната заедница Автокоманда, а во следниот период ќе продолжи и во останатите населени места.
Акцијата „За поубава Гази Баба” значи чисти и уредени паркови. Апелирам до граѓаните на општина Гази Баба да внимаваме на комуналната хигиена,  напиша Стефковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.