Новиот градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски на средба со жителите на Стајковци, Инџиково и Хиподром. На средбата Стефковски им се заблагодарл за укажаната доверба и побарал да ѝ ја дадат својата поддршка на Арсовска во вториот круг на изборите на 31 октомври.

Им се заблагодарив на граѓаните за големата поддршка која ми ја дадоа на изборите на 17 октомври и порачав дека довербата никогаш нема да ја изневерам. 

За да се реализираат големиот број капитални проекти, потребна е поддршка од Градот Скопје, за што побаравме од граѓаните на 31 октомври на вториот круг од локалните избори масовно да излеземе на гласање и да дадеме силна поддршка за Данела Арсовска идната мајка на нашето Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.