Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски присуствуваше на промоцијата на новите пешачки патеки на Скопска Црна Гора.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Заедно со планинарскиот клуб Ај Лав Хајкинг ГМ и Сојузот на училишен спорт на Гази Баба, денес организиравме еднодневна едукативна тура на Скопска Црна Гора. Овој настан имаше за цел промоција на проектот: “Патеки за сите” кој во изминатиот период го реализиравме со планинарскиот клуб Ај Лав Хајкинг ГМ во рамки на кој се измаркирани три планинарски патеки на Скопска Црна Гора во делот кој потпаѓа територијално на општина Гази Баба. Трите измаркирани патеки се: 1. Раштак – Врв Свински камен 2. Раштак – Сарачево – Јанков камен 3. Виниче – Трника – Врв Муратица. Природната убавина во која денес уживавме заедно со учениците од општинските основни училишта во општината е нешто што нема цена. Ве повикам сите да ги користите патеките чија промоција ја направивме денес. Им благодарам на планинарскиот клуб Ај Лав Хајкинг ГМ за нивната професионалност во реализацијата на проектот. – напиша Стефковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.