Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска ги додели грантовите за финансиска поддршка на студенти иноватори.

Доделени грантови за финансиска поддршка на студенти иноватори. Денес во просториите на општина Гази Баба ги доделивме грантовите за финансирање на студенти иноватори. Целта на овој проект е поттикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Основната цел на овој проект е мотивирање на студентите да размислуваат иновативно, а она што истите како проект ќе го замислат општината ќе биде партнер во неговата реализација, посочи Стефковски.

Како што истакна, мудрите луѓе запишале дека за креативноста е потребна храброст.

Како градоначалник на општина Гази Баба ги охрабрувам и поттикнувам студентите да бидат иновативни и креативни, а мојата и поддршката на општината ќе ја имаат во реализација на нивните проекти. Гази Баба го живее новото време. Заедно градиме успешна и силна општина, дом за сите луѓе, напиша Стефковски на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.