Ченто добива нов парк на површина од 5000 метри квадратни.

Утрово заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Паркови и Зеленило Ангеле Сотировски означивме почеток на градба на новиот зелен парк во населба Ченто. Паркот ќе содржи нови зелени површини со поставен систем за наводнување како и нови дрвја и вегетација, а се предвидува и флористичко збогатување на просторот. Изградбата на паркот се врши на улица Јужноморавски бригади на просторот позади спортската сала. Овој простор често во минатото беше место за диво депонирање на отпад, а денес на негово место се гради голем зелен парк – информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој посочи дека овој парк е доказ за одличната соработка која ја има општина Гази Баба со Градот Скопје и јавно се заблагодарам на градоначалничката Данела Арсовска за силната поддршка.

Изминатиот период извршивме реконструкција на паркот спроти средното училиште Панче Арсовски, градиме мултифункционален парк во Триангла, се подигаат нови зелени површини, засадени се над 4000 нови садници но сето ова е само почеток. Следуваат години на развој на нашата Гази Баба – истакна градоначалникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.