Општина Гази Баба во соработка со градот Скопје гради нов зелен парк на површина од 5000 метри квадратни во Ченто. Во рамки на паркот се изгради ново детско катче на тартан подлога со најсовремени реквизити и се изврши целосна реконструкција на кошаркарското игралиште како директна инвестиција од општина Гази Баба.

За градбата на паркот, детското катче и кошаркарското игралиште, градоначалникот Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Општина Гази Баба во рамки на новиот зелен парк во Ченто изгради ново детско катче и комплетно го реконструираше кошаркарското игралиште.

Општина Гази Баба во соработка со градот Скопје на површина од 5000 метри квадратни во Ченто веднаш до ООУ Крсте Мисирков гради нов зелен парк кој ќе преставува место за одмор и рекреација на граѓаните од Ченто.

Изградбата на ново детско катче на тартан подлога со најсовремени детски реквизити, како и комплетната реконструкција на кошаркарското игралиште е инвестиција на општина Гази Баба. Дополнително ќе поставиме и нова урбана опрема.

Ново детско катче и реконструкција на кошаркарското игралиште беа најчестите барања на жителите од овој дел на Ченто и денес тие се реалност.
Чекор по чекор Гази Баба добива лик на урбана и модерна општина! – напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.