Ги потпишав решенијата за легализација за предметите кои во изминатите денови беа решени. Се зголемува динамиката на решавање на предметите за легализација, стои во статусот на официјалната Фејсбук страница на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој информираше дека администрацијата е задолжена во наредниот период да ги извести граѓаните за комплетирање на документацијата во предметите, а потоа во најкраток рок да изготви пресметка и решение за легализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.