Утрово направив увид во градежните работи за изградба на втората фаза на фекална канализација во населеното место Гоце Делчев. Во втората фаза се опфатени улиците 203, 202 и дел од улица 200. Инвестицијата е вредна 10.603.377 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба, информираше преку Фејсбук објава, Бобан Стефковски граодначалникот на општина Гази Баба.

Тој напиша дека се инвестира во секое населено место.

Гази Баба се гради и менува. Ова е само почеток, следуваат години на развој и напредок насекаде низ нашата Гази Баба, додава Стефковски во својот Фејсбук статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.