Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска го пуштија во употреба новиот Младински центар „Матично“, сместен во објектот на поранешната управа за водење матични книги, на улицата Михаил Цоков. Станува збор за култен објект на кој му беше неопходна целосна реконструкција, а сега прераснува во младински центар во кој различни младински и извиднички организации, но и неформални групи ќе можат да ги реализираат своите едукативни и културни активности.

Шилегов нагласи дека е горд што ваков Младински центар излегува токму од срцето на Скопје, од општината Центар, како пример што треба да го следат сите единици на локална самоуправа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.