Станарите од оваа зграда на улицата „Џон Кенеди“ се во очај. Од станот со број 11 излегува смрдеа на ѓубре, урина и измет во комбинација со насобрано ѓубре, пренесува „Канал 5“, додавајќи дека станарите не знаат веќе каде се обратат, бидејќи за својата сага се обратиле во сите инстиутции.

Како што велат нејзините соседи за телевизијата, во станот живее 70-годишна жена, која од пред неколку години почнала да се однесеува повлечено, да не одржува хигиена и да носи ѓубре од улица. Бараат да ѝ се помогне, бидејќи жената има голем проблем. Откако паднале темепратурите, тие дежураат покрај отворениот стан за да не направи пожар.

Од Центарот за социјални грижи доаѓале неколкупати, но жената не била дома или одбивала да дојде во центарот. Видеото погледнете го на „Канал 5“.

Скопјани уште се сеќаваат немилиот настан кога пред една година на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ бр.15, граѓаните беа приморани да ги напуштат поради амонијакот кој почнал да смрди и да штипе за очи, а настанал од големо количество насобрани валкани мелни пелени во еден од становите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.