На денот на Кисела Вода, Александра Цветковска, жителка на скопската општина споделува како тече нејзината борба со градежната мафија која целосно ја трансформира населбата по вака или така добиени дозволи за градба.

Денес е празник на Општина Кисела Вода. Токму заради тоа денес сакав да споделам со вас дека добив одговор од Општина Кисела Вода во врска со „подземниот” паркинг (првата слика). Одговорот детален, со сите информации, и потребни и непотребни. Битно ситуацијата со паркингот велат е во врска со почетната висинска кота и дозволениот метар и нешто над земја од таа кота, според нив. Оваа кота е измерена од некоја фирма од Радовиш и тоа во согласност со прописите. Ме упатуваат да поднесам жалба до Второстепена комисија во однос на одобрението за градба. Е сега, сите рокови се поминати. Моето истражување покажа дека може да се оди метро и дваесет над земјата, но не во случај на подземен паркинг, туку за самата зграда, градбата со становите. Чувствувам дека само купуваат време до Локалните изборите. Значи ич не ми е гајле кој е власт, ама ич. И едните и другите не се покажаа баш сјајно во справувањето со урбаната мафија. Јас нема да ја играм нивната игра, и веќе собирам податоци за да поднесам кривични пријави и за Општината, и за поединци во Општината, но и за Ројал Васе. Ројал Васе особено блиску ќе го следам, како и неговите врски со Општината. На втората слика се гледа една ситуација која реално не ја разбирам. Како само е одобрен проектот на Ројал Васе (соседната зграда е страна веќе неколку години), ѕидот од зградата е веднаш до отворените балкони. А и старава зграда да немала балкони на проектот, во што се сомневам, зарем Општината не треба да направи увид на разликите од проектите и фактичната, реалната состојба!
На другите слики што следат можете да видите каква е ситуацијата со паркинзите во населба Кисела Вода, особено кајшто има нови згради. Заради овие слики, навистина се прашувам дали се одобруваат едни проекти, а се гради по други. Општина Кисела Вода треба да излегува почесто на терен и да внимава на тоа што се гради на нејзината територија. Можеби некој од таму ќе каже немаме законска обврска. Кажете слободно и јавно, па ќе пишеме на сите пратеници од Изборна единица 1, а и од Општина Кисела Вода, и ќе побараме законски измени, надзорни расправа, што и да е.
Заедно можеме повеќе да направиме за сите граѓани, кои меѓу другото заслужуваат тротоари безбедно да се движат.
Во секој случај, СРЕЌЕН ВИ ПРАЗНИК, ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА!!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.