Професорскиот президиум на средно уметничко училиште ќе излезе на протест в среда во 12 часот пред Министерство за образование на протест со барање за разрешување на в.д. директорот Филип Фидановски.

Во соопштението професорите ги наведуваат следните причини:

 

1.     ВД директорот го прогласи празникот ЗАДУШНИЦА ЗА РАБОТЕН ДЕН и организира приемен испит на тој ден (прилог 1)

2.     ВД директорот САМИОТ противзаконски си ја зголеми платата од 33.000 ден на 42.000 ден, преку зголемување на коефициентот за плата т.е. користење на коефициент за школо со над 50 паралелки, а имаме само 8.
Државниот просветен инспекторат молчи. (прилог 2)

3.     Министерката НЕЗАКОНСКИ го постави за ВД директор Филип Фидановски два пати. Два пати противзаконски.
Првиот пат спротивно на член 91 став 2 и 3 од законот за средно, а вториот пат спротивно на чл. 93-в став 2, кадешто многу јасно се вели дека ,, ВД директор може да се биде само еднаш во времетраење од 6 месеци,, (прилог 3 и 3-а)

4.     ВД директорот САМИОТ  ги промени нормативите за наставниот кадар во нови тотално нелогични нормативи за да неколку професори од септември бидат прогласени за технолошки вишок и на нивно место вработени нови професори по вкусот на Филип Фидановски. (прилог4 и 4а)

5.   Оцрнување на колегите наставници и ставање во улога на суд и судија кон членови на Училишен одбор со издавање на документ во кој стои  формулацијата „НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ” и ускратување на нивното право да бидат повторно избрани за членови на Училишен одбор. (согласно решение на Дпи бр.ИП 09-24 од 23.02.2021)—- (прилог 5)

6.      Незаконско издавање на официјален училишен документ со кој се забранува изборот на дел од претседателите на советот на паралелки за членови на УО (противправно толкување на решението на Дпи бр.ИП 09-24 од 23.02.2021)———– (прилог 6)

7.      Донесување на одлука за работа на училиштето со физичка настава и тоа во време на најголемите бројки (како во државата, така и во училиштето) на пандемија во состојба со 50 починати дневно и со голем број на позитивни наставници и ученици. .——– (прилог 7 )

8.      Донесување на одлука за 8 часовно работно време, повторно во време на екстремните услови на пандемијата, без разлика што во време на пандемија училиштето работи во посебни услови, со посебен распоред на часови за хибридна настава при што некои професори воопшто немаат часови во определени денови. Со тоа директно беше срушен протоколот за работа во услови на пандемија на училиштето.—–(прилог 8)

9.   Уништување на училишната клима преку неколегијалниот, деспотски, диктаторски однос спрема колегите, но и спрема учениците.

10.   Неносење на одлука за јавна набавка (за превоз на ученици) и користење на услуги со анекс на изминат договор во вредност од значитечно поголем од 20% од договорот, спротивно на член 108 од законот за јавни набавки.

11.   Комплетно опструирање на формирањето на Училишен одбор во период подолг од 100 дена, со што училиштето се држи во правен мрак, без управно тело и во комплетно незаштитена положба од постапките од ВД директорот.

12.   Прескокнување на Училишниот одбор (кој регуларно ги извршуваше своите обврски до крајот на февруари) со неприложување на Завршна сметка на училиштето за 2020 година како и годишната програмата за работа, со тоа директно кршејќи го членот 89 од законот за средно образование.

13.   Вршење на мобинг и притисок на работното место на вработените. Секретарот на училиштето беше принуден предвремено да замине во пензија поради притисок е неподнослива тортура од страна на ВД Директорот.

14.   Непочитување на волјата на наставниците и неставање на важни точки на состаноците на наставнички совет, како и предвремено напуштање на истите во моменти кога од него се бара да даде одредено објаснување.

15. Пред да биде избран за ВД на 11.11.2020, Филип Фидановски сподели скриншот од Вибер во кој се обраќа до премиерот Зоран Заев и до министерката Мила Царовска претставувајќи се себеси за член на СДСМ, а за претходниот директор Димитар Филиповски упатува серија на ЛАЖНИ обвинувања дека е од ВМРО. (прилог 9, 9-а и 9-б)

16.     Непоседување на раководни, менаџерски способности.
17.      Непочитување на колегите и крајно деградирачки однос кон нив во секојдневната комуникација.

Пс; За крај едно дело од Филип Фидановски од една негова изложба. За да знаеме кој е (прилог 13)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.