Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир и претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија беа во посета на општина Аеродром, при што разговарале со градоначланикот Тимчо Муцунски за конкретни проекти во општината.

Гир и другите претставници на ЕУ-мисијата изразиле силна поддршка за иницијативите и акциите кои општината ги презема областа на екологијата, како и отворена поддршка за деловната заедница и стремежот кон претворање на општината во центар за иновации.

На средбата јасно беше истакната поддршката која Делегацијата ја дава за нашата иницијатива и проект „Еко-Дром“ во рамки на Европскиот зелен договор, а со кој се заложивме Аеродром да стане вистинска зелена општина.

 

Од страна на евроамбасадорот и претставниците на Делегацијата, добив силно уверување дека можеме да очекуваме европска поддршка за деловната заедница која дава значаен придонес во општината, а особено беше потенцирана и потребата од соработка во процесот на претворање на Општина Аеродром во центар за иновации и претприемништво – информира Муцунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.