Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, кој смета дека заслужил и втор мандат, како да не ја гледа калта на неговите „тазе“ асфалтирани улици. Ова е вторпат како во неговата програма/отчет, како реконструирани и асфалтирани се пишани улици кои на терен се со кал и вирови, констатира Курир. Овојпат, станува збор улица 7 во општината, која се наоѓа во Волково. Во отчетот на Наумоски таа е помеѓу улиците кои добиле асфалт.

„Асфалтирани се следниве улици…. и ул. 7 во должина од 85 метри“, стои во програмата/отчетот со кој бара гласови за нов мандат.

Меѓутоа, фотографиите од терен го покажуваат сосема спротивното, односно дека Наумоски лаже во својот отчет за тоа што сработил во овие 4 години. Граѓаните на оваа општина со докази го демантираат нивниот градоначалник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.