Отворање на спортски центар „Марко Божиновски“
Ново Лисиче доби нов лик. Спортскиот центар „Марко Божиновски“ е старо-новото место каде аеродромци ќе може да го негуваат спортскиот дух.
Спортист, чесен, добар другар – Марко е пример за секој млад човек. Овој спортски центар нека биде пример за секој млад човек да ги следи неговите стапки.
Одлуката за овој спортски центар е донесена едногласно од страна на советниците на Советот на Општина Аеродром од сите три политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица. Токму затоа би сакал да кажам дека кога во прашање е овој спортски центар тука нема политичка партија, туку има вредност која ја имаме ние како аеродромци.
Воедно, огромна благодарност до фамилијата Божиновски кои помогнаа овој објект да добие нов лик за рекордно брз период. Благодарност и до навивачите Фемили Аеродром, но и жителите на Општина Аеродром кои одвоија дел од своето слободно време и денеска присуствуваа при отворањето .
Се надевам дека токму од овој спортски центар ќе никнат многу нови спортски таленти кои со гордост ќе го кажуваат името на Марко Божиновски, кои со гордост ќе ја претставуваат Општина Аеродром, кои со гордост ќе ја претставуваат нашата татковина – Република Македонија – напипа градоначалникот на скопски Аеродром, Тимчо Муцунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.