Градоначалникот Златко Марин го подготвува теренот за реализација на ДУП-от, донесен од Ивица Коневски, дополнително уништувајќи го зеленилотго кое се повеќе ни е потребно во оголеното Скопје, реагира Левица Аеродром.

Иако како главно ветување на актуелниот градоначалник беше дека ќе го смени правецот на урбанизација, во смисол на создавање повеќе паркови и игралишта, уште еднаш го видовме на дело како го одрекува своето ветување. На бесрамите лаги и манипулации на Марин, ние, жителите на Аеродром одамна не му веруваме. Тој во предизборната кампања на претходниот градоначалник му предлагаше да ги обесштети сопствениците на земјиштето со пари, или компензација со земјиште на друга локација, за да го заштити просторот од дополнително градење, како и да ги послуша жителите. Но, откако стана градоначалник, не само што самиот не ги примени овие работи, туку го смени мислењето и неколку пати се правдаше дека не може ништо да преземе, за да ја спречи градбата. Неговата негрижа за жителите на оваа голема населба е очигледна бидејќи да имаше и малку совест ќе се обидеше да го спречи неконтролираното сечење дрва и уништување на реткото зеленилото кое е потребно во и онака загадениот Аеродром. Наместо да сади, урива дрва, наместо да гледаме трева, цвеќе, окружени сме со градежен смет и прашина, нови згради и никаква визија за доброто на жителите

Во реакцијата на Левица Аеродром пишува дека спонзори на роденденската забава на Аеродром се градежни фирми.

Викендов Општината организира забава во чест на 14 години општина Аеродром, на која се поканети музички гости од земјава и странство, додека интересно е што сите градежни фирми се спонзори на настанот. Празните ветувања на Марин сеуште ги паметиме, а малку музика и лажна безгрижност која се труди да ни ја пренесе со славење, наместо вистински да започне да се бори со многуте проблеми во нашиот, некогаш зелен и убав Аеродром, стои во соопштението на Левица Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.