Техничкиот премиер Оливер Спасовски заедно со заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, го посетија контролниот пункт на МВР во Чаир. Двајцата се уверија дека е почнато со спроведување на полицискиот час, а Спасовски порача дека ништо не е исто како порано и побара граѓаните да ги почитуваат мерките на Владата.

Запрашан зошто заедно со нив не е министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, премиерот рече дека тој е на друг контролен пункт со цел да се охрабрат повеќе полицајци и припадници на Армијата.

Ова е моментот каде што првпат во историјата на државата имаме ограничување на движење на целата територија. Знаете сите дека ништо не е исто, дека се е вонредно и граѓаните знаат дека сите треба да се однесуваат вонредно и одговорно. Треба да ги почитуваат одлуките и наредбите кои ќе ги добијат од овластените службени лица. Да ја почитуваат оваа забрана за движење и дневно движење за групирање. Одговорноста е на сите нас. Ова не е битка само на здравството, полицијата, Армијата, туку на секој еден од нас. Колку подобро се однесуваме, толку подобри резултати и побрзо справување со оваа ситуација“, рече Спасовски.

Тој повторно побара да не се излегува од дома без потреба.

Да не се излегува од дома без нужна потреба. Така ќе се справиме со вирусот. Сакам да бидеме сплотени и единствени. Да ги почитуваме институциите“, додаде Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.