Денеска Советот на Град Скопје треба да расправа за предлогот за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади и мостови на подрачјето на град Скопје. Предложени 570 нови и стари имиња на значајни личности, места, настани и поими, кои во иднина треба да се користат за именување на улици и други инфраструктурни објекти во градот.

Надополнувањето на базата од која може да се одбира за назначување улици, плоштади, мостови и друго е важно, пред сѐ, заради сеопфатноста на процесот, во кој беа вклучени и граѓаните преку анкета во 2018 година, и заради опфаќање имиња што се значајни за Скопје, а не биле во тој список или биле избришани во претходни постапки. Гласањето од страна на Советот на Град Скопје е уште еден чекор во целокупната процедура, а овој список понатаму треба да биде изгласан и од Владата – објаснуваат од Град Скопје.

Од предложената листа, која во изминатите денови предизвика многу позитивни и негативни реакции во јавноста, надлежната комисија неодамна го повлече името на Али-паша Јанински по реакцијата на една од заедниците во државата. Целта било, како што беше наведено во соопштението, никој во градот да не се чувствува засегнат или навреден од именувањето на улица или инфраструктурен објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.