Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла со 3 нови џипа кога целата држава е во криза и луѓе остануваат без работа.

Петре Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла Коста Начевски со три нови џипа, кои се дел од јавната набавка од вкупно 13 милиони денари за набавка на нови возила. Раководството на Дрисла не крие дека овие возила ќе се користат од раководната администрација и самиот директор. Значи наместо да се набави работна механизација и кипери, тие ќе набавуваат возила за удопства и луксузирање на раководството на ова градско претпријатие. Сето ова аминувано од скандал мајсторот Петре Шилегов кој самиот соопшти дека не работи и не живее од плата.

Додека Шилегов преку Дрисла набавува џипови, Македонија ја доживува најсериозната економска криза, и се повеќе луѓе живеат во сиромаштија, велат опозициските советници.

Ќе потсетиме дека Дрисла се најде во фокусот кога истиот директор Коста Начевски, инаку братучед на сопругата на генералниот секретар на владата Рашковски додели тендер на друг братучед на Рашковски. Како советничка група во Градот Скопје бараме повлекување на одлуката за набавка на џипови и испитување на финансиското работење на Дрисла и Петре Шилегов, велат од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Начевски, пак, реагира дека не е точно дека ќе се купуваат 3 џипа, туку, како што вели, станува збор за класични теренски возила исклучиво за потребите на депонијата.

Едно ќе и им биде ставено на располагање на вработените во лабораторијата за испитување на водите. Локацијата каде се третираат депониските отпадни води е оддалечена два километри од административната зграда, а до таму се стигнува по исклучително лош земјен пат. Другото возило ќе биде наменето за обезбедувањето, а евентуално третонабавеното теренско возило ќе се користи кога доаѓаат гости во контрола на депонијата – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.