Советниците на СДСМ по налог на Златко Марин ја одбија иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за итна постапка за измена на ДУП-от во Мичурин и наместо изградба на градинката на единственото отворено спортско игралиште во Мичурин, истата да биде предвидена на локација на угостителскиот објект со пропратни содржини, со што би се создале услови за изградба на градинка во Мичурин, а притоа постоечкото игралиште би се сочувало, објави „Курир.мк

Жителите на Мичурин пред две недели протестираа против одлуката на Марин да гради детска градинка токму на местото на спортското игралиште, за што добија ветување од Марин дека ќе се изнајде решение, но се уште не е ништо превземено од страна на Марин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.