Советничката група на СДСМ во Град Скопје го одби предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница да се разговара за алармантната состојба со правата на пожарникарите од противпожарната бригада на Градот Скопје.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата велат дека во целост ги поддржуваат барањата на пожарникарите и апелира градоначалникот Шилегов и градот Скопје да им ги исплатат ветените средства и надоместоци за опасност при работата.

Тие ги ризикуваат животите и спасуваат други животи додека Градот и градоначалникот Шилегов нема слух за нивните потреби, иако за тоа нивно право за исплаток на надоместок за опасност при работа  имаат и одлука на судот дека им припаѓа, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пожарникарите на скопската противпожарна единица протестираат бидејќи, како што велат, Град Скопје не им го исплаќа надоместокот за опасност при работа.

Градските власти, пак, негираат дека има одлука од судот, велат платите за пожарникарите ги добивале од државата ама без надоместок за опасност при работа. На незадоволните од висината на платата им порача да си најдат друго вработување.

СДСМ и мнозинството во Советот гласаа против тоа да се разговара за алармантната состојба со правата на пожарникарите од противпожарната бригада на Градот Скопје.

Крајно несериозен и потценувачки е односот на Шилегов и градот Скопје кон луѓето кои работат за скопјани и нивната безбедност. За него темата со правата на пожарникарите е неважна да биде предмет на јавна дискусија, реагира оопозицијата во Советот на Град Скопје. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.