Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го обвини градоначалникот Петре Шилегов дека организирал фингирана јавна расправа поврзана со Универзална сала.

Поголемиот дел од учесниците беа луѓе блиски до власта или луѓе кои имаат придобивки од самата власт. Дотолку повеќе што на изрежираната јавна дебата беше практично монолог без спротивставени и различни мислења – обвинија советниците.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од Шилегов тој да изгради дефинитивен став за иднината на Универзална сала, да се спречи уништување на градскиот парк и да организира вистинска јавна дебата на која фелата и скопјани ќе може да се изјаснат.

Неговиот став е променлив, од  ставот ‘Универзална сала не ја даваме’, до тоа неговата идеја е да е нова сала во Градскиот парк. Практично идејата на градскиот татко Шилегов е да гради концертна сала во срцето на градскиот парк со што дополнително ќе се уништи и зафати тој простор. И кога има вакви фикс идеи помалку штета за Шилегов е да не кажува ништо за градските работи. Прашањето е на што да му се верува на Шилегов – кога вели дека нема пари за реставрација на Универзалната сала или кога денес соопшти дека ќе има нова концертна сала – велат советниците.

Тие додаваат дека е добро што Шилегов има идеи, но лошото е што тој никого не консултира за тие идеи и што најавува дека ќе се уништува градскиот парк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.