Вчера видовме бледо издание на градоначалникот Петре Шилегов, со други зборови на дело се виде како изгледа човек кој е класичен ноторен лажго, велат во своето соопштение од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје

Пред изборите самиот Петре Шилегов ветуваше возообновување на езерото Треска и враќање на стариот сјај. Тоа беа негови зборови, а ВМРО-ДПМНЕ не го тепаше по уста самиот да се фали и ветува нешто за што денес гледаме дека излажа и се пере од одговорност велејќи дека не бил надлежен. Ако не бил надлежен тогаш зошто лажно ветуваше?

Втората работа за која во вчерашното интервју Шилегов се обелодени дека излажа е подземната сообраќајница кај Мавровка. Иако пред изборите јавно ја ветуваше сега кажа дека немал да ја гради поради смешен изговор дека сметал плоштадот Скендербег. Овој плоштад е изграден уште пред Шилегов да стане градоначалник. Или Шилегов кога ветуваше подземна сообраќајница кај Мавровка ветувал од ракав, без стручна анализа и консултации или сега наоѓа изговори за да не го реализира овој капитален проект.

Третата работа за која излажа е зиплајнот. Тој кажа дека нема да се гради од Калето до Градскиот парк затоа што бил опасен по здравјето на граѓаните. Ова требаше Шилегов да го знае кога го ветуваше овој проект.

Сосема на крај кога ќе ги тргнеме капиталните проекти чија реализација е нула, Шилегов нема капитален проект, освен фотошоп клупите на кој се појави Сандерс.

Што се однесува до договорот за лед осветлување со Телеком тоа е златната кокошка на Шилегов од која допрва јавноста ќе чуе за какви криминалци станува збор, стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.