Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје бара Градоначалникот Шилегов 100те илјади евра наменети за новогодишната прослава да ги пренамени за хуманитарни цели и истите да ги донира. Наместо Новогодишна прослава на плоштад парите да се донираат во хумани цели.

Воедно во знак на транспарентоста и отчетноста кон граѓаните бараме да се објават донаторите кои обезбедија сто илјади евра за новогодишна прослава. Истата моќ на убедување да инвестираат во прослава, го повикуваме Шилегов да ја употреби, спонзорите парите да ги дадат во хумани цели. Шилегов да објасни како од бесплатна прослава на Плоштад се стигна до 100 илјади евра за една вечер. Шилегов исто така треба да објасни низ каква постапка се доделени 300 илјади евра за новогодишно китење на градот и дали оваа сума не можеше да биде драстично помала и заштедените средства да се употребат за капитални инвестиции. Зошто Скопје троши 400 илјади евра, за китење и новогодишна прослава за Нова Година кога илјадници Скопјани се без канализација и соодветен водовод. Дали  средства не можеа да се инвестираат во итни мерки за почист воздух, со оглед на тоа што Скопје е најзагаден град во Светот – прашуваат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Како советничка група очекуваме дека  градоначалникот Шилегов сомнежите ќе ги расветли единствено доколку донесеме заедничка одлука за донирање на средствата од 100 илјади евра за хуманитарни цели – нагласуваат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.