СОС Детско село во соработка со Херман Гмајнер Фонд Германија денеска ќе го претстават регионалниот проект „Зајакнување на млади преку нови можности, кој ќе се спроведува во Македонија, Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина.

Во проектот ќе бидат вклучени 1.600 млади во социјален ризик на возраст од 16 до 35 години во Македонија, Албанија, Босна и Хецеговина, Косово и Србија, кои се социјално исклучени, со низок приход и немаат можност самостојно да го подобрат економскиот статус.

Целта на проектот е зајакнување на младите што ќе резултира со подобрени можности за вработување и нивно активно учество на пазарот на труд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.