Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица попладнево беше во друштво на сопругата на Алексис Ципрас, грчкиот премиер кој е во прва официјална посета на Скопје.

Двете дами во модни комбинации карактеристични за пролетта прошетаа и на скопското Кале.

Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба, интересни разговори и за разгледување на градот на солидарноста. Прекрасно попладне, полно со оптимизам и ведрина, напиша на социјалните мрежи премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.